Инфромации

На вашиот дрвен под треба потребна соодветна грижа и размислување. За чистење на нечистотија како на пр. песок, користете правосмукалка со мек додаток, мека метла или крпа. Ставете самолепливи перницина на нозете на мебелот за да спречите гребнатини. Не придвижувајтего мебелот со влечење, туку подигнетег и движете го. Во случај на истурање вода или други течности, избришете веднаш. Веднаш отстранете ги дамките од кафе, црвено вино или кечап, бидејќи овие можат да имаат трајни ефекти. Ако подот е многу валкан, треба да се исчисти со рака со влажна крпа. Исто така не е дозволено користење на правосмукалка на вода. Важен услов за долг живот на дрвени подови е пријатната клима во просторијата, со температура од приближно 20 ° C и релативна влажност од 50% до 60%. Овие услови можете да ги набудувате со електронски мерач на влажност, e или домашна временска станица (особено важна за време на грејната сезона). Оптималната релативна влажност може да се одржи со електрични овлажнители. Во случај на поголеми стаклени површини, треба да се избегнува директна сончева светлина (задолжителна заштита од сонце).

ПРЕД ИНСТАЛАЦИЈА

1.1.Дозволена влажност на подлогата:

цемента кошулица до 2,0%, цементна кошулица со подно греење до 1,8% дрвена основа 9 ± 2% иверица и слични материјали од табла 9 ± 2% Инвеститорот или договорениот орган мора да обезбеди дека соодветниот објект е исушен. Под-изведувачот има право и должност да ја мери влагата и (како што е договорено) да советува или учествува во сушењето или спроведувањето на други мерки за да се намали влијанието на влагата на дрвените подови (паркет, ламинат). Подизведувачот, во договор со главниот изведувач, има право да ги одложи или да ги прекине работите според своја дискреција, доколку утврди дека условите за работа се несоодветни, но мора однапред да го извести инвеститорот, т.е. договорниот орган.

1.2. Поставата мора да биде направена во согласност со прописите:

неопходно е да се направи хидроизолација, топлинска изолација, звучна изолација и да се инсталира соодветна градба; подлогата треба да биде рамна и нивото на подлогата прилагодено на барањата на конкретниот тип на производот; површината за поставување мора да биде чиста, компактна, не груба, без пукнатини и правилно да се апсорбира; температурата на подлогата за време на инсталацијата, како и 48 часа по инсталацијата, мора да биде помеѓу 15 ° C и 18 ° C; во случај на топло подно греење, потребно е постепено да се загрева пред инсталацијата, според пропишаниот протокол за вклучување на подно греење; Соодветната подготовка на кошулицата мора да ја обезбеди инвеститорот, т.е. договорниот орган. Под-изведувачот има право и должност да изврши визуелен преглед на горенаведените параметри и да предупредува за забележани неправилности. Под-изведувачот може, во рамките на својот опсег (како што е договорено), да соработува при подготовката на подлогата или неговата рехабилитација.

ПОСЛЕ ИНСТАЛАЦИЈА

2.1. По завршувањето на инсталацијата, барем во наредните 24 часа, по површината не смее да се шета и површината не смее поинаку да биде оптоварена.

2.3 Собата треба да биде заштитена од влегување на дополнителна влага. По инсталацијата, мора да се обезбедат следниве климатски услови:

собна температура 15 - 25 ° C, релативна влажност 50 - 65%.

Услови за гаранција:

Гаранцијата се однесува на ламинат од редовна програма, која е инсталирана во простории во согласност со препорачаната класа на употреба. Гаранцијата не важи во случај на хемиско и механичко оштетување. Гаранцијата ќе стапи на сила на денот на купувањето. Гаранцијата е непренослива и припаѓа само на првиот клиент.

Монтажа

Подот со ламинат мора да биде поставен во согласност со упатствата за инсталација. Упатства за поставување ламинат се вклучени , обично во секоја трета кутија.

Отпорност на абење:

Правото на гаранција се појавува кога горниот слој (декор), целосно отстранет, е со големина од најмалку 1 cm. Пилингот надвор од рабовите на таблата не е вклучен во гаранцијата.

Отпорност на светлина:

Загубата на бојата според „скалата на сина волна“ не надминува 6. Постапка за испитување според EN20105. Не вклучува природно стареење.

Отпорност на дамки

Отпорност на следниве супстанции: чист ацетон, крем за нега на рацете, алкохолни пијалоци, сокови од овошје и сокови од зеленчук, масти, кафе, кола, лак за нокти и слично.

Услов за гаранција:

Секоја пријава мора да биде во писмена форма и мора да биде придружена со оригинална фактура. Барањето за гаранција мора да се поднесе во рок од 30 дена од денот на откривање на дефектот. Го задржуваме правото да извршиме увид во имотот.

Ако барањето за гаранција е одобрено, ние сме должни да ја доставиме стоката до точката на продажба бесплатно. Трошоците за инсталација ги покрива клиентот. Оваа гаранција не опфаќа други штети или други трошоци што може да бидат предизвикани од производот. Ако огласениот ламинат веќе не се произведува, соодветна замена е избрана од тековната програма за продажба.

Класи на Отпорност



Класа на отпорност за области со ниска или привремена употреба.

AC3 класа на отпорност е дизајнирана за станбена употреба со било какво оптоварувајне или за комерцијална употреба со мало оптоварувајне.

(дневни соби, детски соби, кујни, спални соби, ходници, хотелски соби, простории за конференции)

Класа на отпорност за области со средна употреба.

AC4 класа на отпорност е дизајнирана за станбена употреба со било какво оптоварувајне или за комерцијална употреба со средно оптоварувајне.

(дневни соби, детски соби, кујни, спални соби, хотелски соби, ходници, конференциски сали, бутици, канцеларии).


Класа на отпорност за области со интезивна употреба.

AC4 класа на отпорност е дизајнирана за станбена употреба со било какво оптоварувајне или за комерцијална употреба со интезивно оптоварувајне.

(дневни соби, детски соби, кујни, спални соби, хотелски соби, ходници, конференциски сали, големи канцеларии, стоковни куќи).

Конструкција на панел


1-Работната површина на панелот е покриена со отпорен заштитен слој споен со декоративен слој,Со што ја прави површината отпорна на абразија, привлечна и убава на допир.

2-Внатрешното јадро e стабилно и отпорно на влага.Внатрешното јадро има класа за безбедност на животната средина E1, шсто значи дека е безбеден за живонтата средина.

3-Подлогата е покрина со специјален слој,заштитувајки го панелот од влажност и помага при површинската напнатост на работната површина(не дозволува виткајне).


Карактеристики